Пресечен канал за шверц на дрога: Запленета марихуана во вредност од 1 милион евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полицијата синоќа заплени 108 кг. марихуана вредна 1.000.000 евра. Според МВР, двајца македонски државјани, еден косовски и еден албански државјанин кои веќе се притворени ја купиле дрогата во Албанија и преку Косово на почетокот на месецов ја внеле во Македонија, преку зелената граница во околината на Тетово, за потоа дрогата да биде префрлена во Скопје. Дрогата е запленета, а против уапсените се поднесени кривични пријави.

– На 8-ми месецов по претходно спроведена истрага од слобода се лишени 4 лица, против кои е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекуросри“, а додека пак против првопријавениот и кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Од страна на судија на претходна постапка на сите им е одредена мерка притвор од 30 дена, истакна Чавков.

Директорот на БЈБ кажа дека првопријавениот, 45 годишен Македонец заедно со косовскиот и албанскиот државјанин ја набавиле марихуаната од Албанија и ја внеле во Македонија преку Косово, па ја префрлиле во домот на првопријавениот во Скопје.