Прес-конференција на Шекеринска, Османи и Димитров (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред малку во Владата се одржа прес-конференцијата на вицепремиерите Радмила Шеќеринска и Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, јавува ТВ Канал5.

Да ја донесеме Европската Унија тука, порачаа вицепремиерите и министерот за надворешни работи, Шеќеринска , Османи и Димитров. Тие го поздравија изгласувањето на уставните измени со можност за вклучување на Македонија во ЕУ и во НАТО. Изразија надеж дека наскоро и грчкиот Парламент ќе го ратификува Договорот од Преспа, што ќе значи напредок на земјата и вклучување во европските текови.

Надворешната интеграција нема да биде целосна без внатрешно помирување, порача вицепремиерот Османи.

Имавме храброст и доблест да ја преземеме одговорноста за да го решиме најголемиот проблем на Македонија, проблемот со името, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров на прес конференцијата , кој наведе дека ќе му испрати писмо на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, согласно протоколите, а земјите членки интензивно работат за да се ратификува документот за прием на Македонија во Алијансата. Нашето го завршивме и очекуваме и грчката страна да го исполни своето за да ставиме точка на овој тежок проблем, рече Димитров.

Димитров по веста за напуштањето на Каменос на владата , имал кореспонденција со неговито грчки колега Катругалос, кој му изразил уверување дека Владата на Ципрас е посветена во исполнување на обврските на Договорот од Преспа.

На прашањето за барањето на ВМРО – ДПМНЕ за предвремени избори, вицепремиерката Радмила Шеќеринска рече дека ја разгледале иницијативата, но по се изгледа ВМРО – ДПМНЕ бара избори, а се моли да ги нема.

На прашањето за предвремени избори и ставот на ДУИ , вицепремиерот Бујар Османи изјави дека се против избори и покрај тоа што се свесни дека ДУИ ја има предноста. Но, сега е време за да се посветиме на економијата и другите важни прашања, рече Османи.

Извор: Канал5