Препуштен на смртта (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Телевиизјата Дискавери сними на нова авантуристичка серија, која го следи Ед Стафорд во обидот до побегне од некои од најсуровите места на планетата за помалку од 10 дена.

Во серијата насловена „Ед Стафорд: Препуштен на смртта“, главниот протагонист го очекуваат суптропски шуми, пустини и планини. Оставен во дивина без опрема за преживување, Ед има само 10 дена да стигне до цивилизација – поместувајќи ги човечките граници на издржливост.

Секоја епизода е снимана во различна земја, а Ед останува „препуштен на смртта“ на Мадагаскар, во Бугарија, Монголија, Лаос, Боливија и Панама.

Ед со себе носи камера за да се снима себеси. Тој е без мапа, компас или алат, мора да се потпре на своите инстинкти и волјата да преживее во борбата против гладта, жедта, уморот и препреките кои го загрозуваат неговиот живот.

Некои од предизвиците со кои се соочува се толку опасни што има потреба од сигурносен тим да го следи од далечина и да го спасат во случај нешто да тргне на лошо.

Оваа серија докажува дека преживувањето не е само тест на физичката сила, туку и на менталната агилност и непропустливата одлучност кои се клучни за преживување.