Препознаен по снимка: Кривична за напаѓачот на новинарската екипа од А1Он


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Секторот за внатрешна контрола Скопје поднесе кривична пријва за нападот на снимателот и новинарот на порталот А1 он. 

Пријавата е поднесена против триесет и седумгодишен скопјанец под сомнение дека заедно со уште едно, засега непознато лице го извршиле нападот.

Како што изјави Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу пријавата е поднесена против лице, потенцијален сторител на кривично дело насилство.

Станува збор за нападот на новинарите А1 он со можност во наредните денови кривичната пријава да се дополни со соодветни факти и докази во однос на другите осомничени во овој случај. Никој не е над Законот, секој еден ден ќе сноси одговорност, порача Нухиу.

Тој денеска се сретна со претседателот на Здружениеот на новинарите, Насер Селмани и го информираше за текот на истрагата за овој случај. Селмани оцени дека ова е нова практика на МВР и дека ова е прв пати Министерството да застане во одбрана на новинарите.

Снимател и новинар од порталот А1 он беа нападнати во центарот на Скопје, кај Порта Македонија по завршувањето на еден од протестите на иницијативата За заедничка Македонија.

По извршениот преглед на видео материјалот од безбедносните камери на ГТЦ Скопје и извршената споредба со предходно објавена слика на интернет порталот сдк.мк, со фотографија од евиденциите на МВР на РМ, потврдено е дека се работи М.К. од Скопје, познат сторител на имотни деликти и нарушител на јавниот ред и мир, соопштуваат од МВР.