Препораките на Прибе во сферата на човековите права отфрлени од македонското Собрание


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Собранието одби да ја задолжи Владата за преземање на чекори и мерки за подобрување на состојбите во сферата на човековите права со конкретни мерки содржани во Извештајот на Народниот правобранител. Овие мерки произлегуваат од препораките на Прибе кои владата се обврза да ги спроведе.

Меѓу мерките од Извештајот, во областа здравствено осигурување и заштита, се наведени следните мерки:

„1.Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување на РМ и Подрачните служби на Фондот да воспостават пракса на одржување на редовни средби, на кои ќе се информираат за тековни прашања и добивање насоки за ефикасно и навремено одлучување за правата на граѓаните, а со што ќе се елиминира досегашната пракса на долготрајност на управните постапки и пречекорување на законски предвидениот рок за одлучување;

2.Се задолжува Владата на Република Македонија да пристапи кон доуредување на Проектот Мој термин со цел истиот да одговара на потребите на граѓаните-осигуреници, за ефикасна, редовна и навремена здравствена заштита.“

Денеска во Собранието на Република Македонија не биле присутни доволно пратеници за да може да се усвојат овие препораки.

За предложените мерки од страна на Народниот правобранител за спроведување на препораките, само 37 пратеници гласаа „за”, петмина беа „против” и еден воздржан.

Според народниот правобранител Иџет Мемети, во Извештајот за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за минатата година, не се констатирани позитивни промени, туку стагнација, а во некои области и назадувања што се потврдува со зголемиот број на повредени наршувањата на човековите слободи и права за четири проценти.

– Констатиравме рекордно, како ниту една друга година, 1.523 индивидуални повреди на човековите слободи и права, а од нив во 1.354 случаи беа прифатени нашите интервенции, што, за жал, не е случај со препораките за констатираните слабости за општите состојби за кои изготвивме бројни извештаи и препораки, рече Мемети.