Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Здравствените експерти предупредуваат на последиците од премногу конзумирање на вода, откако една жена во Велика Британија била хоспитализирана поради труење од вода.
52-годишната Британка дошла во болница со симптоми на инфекција на уринарниот тракт, поради што го зголемила внесот на вода, надевајќи се дека водата ќе ја исфрли инфекцијата од организмот.
Меѓутоа, таа многу брзо почувствувала слабост, а во болница била примена со ниско ниво на сол во крвта, поради што можела да умре.
Лекарите сега ја преиспитуваат дозволената количина на вода и преиспитуваат колку вода дневно му е доволно на човекот.
„Пациентите ги советуваме да внесуваат доста течности и да го одржуваат организмот хидриран кога се болни, но што всушност сакаме да постигнеме со тоа? Постојат ли лоши страни од овој, наизглед наивен совет”, се прашуваат докторите Лаура Кристин Ли и Маријан Норон откако Британката која била примена во болница се уште не почнала да дава знаци на заздравување.
Жената неколку пати повраќала, се чувстувала лошо и имала потешкотии со говорот. Во тек на еден ден пиела и по неколку литри вода според препорака на лекар. Труењето со вода е познато и е документирана состојба и симптом на некои други состојби како што се напорна физичка активност, како и земање на дроги кои предизвикуваат жед. Состојбата може да биде смртоносна со симптоми како што се повраќање, главоболка, конфузија, отекување, кома…
Всушност не постои точна количина на вода која човек може да ја внесе во текот на денот. Лекарите советуваат зголемен внес на течности во случаи на дехидрација или мокрење на урина со темна боја.