Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По високите летни температури и изложувањето на косата на сонце и солена вода, многумина се жалат дека таа станува сува со испукани врвови и бавно расте.
Земањето на колаген како суплемент може да помогне, но и употребата на шампон кој целосно ќе го поттикне растот на косата и ќе ѝ ја врати природната влажност и блескавост.
Наместо вообичаениот шампон направете го ова средство за миење на косата кое може да се користи и како хранлива маска.
Состојки:
литар шампон од коприва
шишенце АД капки на водена база
100 ml раствор на пантенол
30 ml масло од коприва
50 ml рицинусово масло
Подготовка:
Од литарско шише шампон од коприва оттурете 250 мл. Потоа во преостанатиот шампон од 750 мл истурете го растворот од пантенол, маслото од коприва, АД капките и рицинусовото масло. Затворете го шишето и добро протресете за да се соединат состојките.
Овој шампон можете да го користите како маска така што ќе го нанесете на сува коса, добро ќе го втриете и ќе го оставите да делува еден час. Потоа измијте ја косата како и обично. Доколку немате време да ја чувате маската, користете го овој шампон за секое миење на косата.
Откако ќе ја измиете косата со овој шампон, ставете малку регенератор и чувајте го пет минути, добро расчешлајте ја косата, а потоа исплакнете и исушете ја како и обично.
Како „делува“ овој шампон?
Вака приготвениот шампон ја поттикнува циркулацијата во скалпот и го забрзува растот на косата.
Совет плус
Подготвената количина шампон треба да ја искористите за четири недели. Во наредните 2-3 месеци употребувајте друг шампон за коса, а по потреба повторно направете го истиот шампон. Доколку не ја почитувате оваа динамика, може да се случи вашата коса побрзо да почне да се масти и да изгледа безживотно.