Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
После претпремиерното прикажување на филмот „Fuck You, I Love You“ на пулскиот филмски фестивал, сплитскиот филмски фестивал и на затворенета проекција за гости во Музејот на современа уметност во Загреб, дојде време и за кино дистрибуција низ Хрватска и земјите од регионот.
Станува збор за централниот дел од филмската трилогија на сценаристот и режисер Анџело Јуркас, после фалениот дебитантски наслов „Zbog tebe“, а пред финалниот дел од трилогијата, комедијата „Happy End“.
Станува збор за комбинација од комедија и драма, со елементи на еротика, крими и акција. Филмот е приказна за машко-женските односи во љубовта и последиците од љубовта на патот за пронаоѓање на совршена врска, а според податоците од националните и регионални филмски институции и теоретичарите на филмската уметност, станува збор за првата дебитантска филмска трилогија во историјата на хрватската, но и на балканската кинематографија.
„Fuck Off I Love You“ е мотивиран од содржината на книгата од споменатиот режисер, „Таа“, која ќе биде објавена во текот на 2018 година, а сниман е на неколку различни локации во Загреб, Ријека, Сиднерј, Белград, Славонија, Босна и Херцеговина и на други места.
Исто така, филмот е резултат на меѓусебната соработка на неколку земји (Хрватска, Србија, Бугарија, Словенија, БиХ, Австралија), зависно од интернационалниот „кастинг“ на актерската екипа и фактот дека е сниман во и надвор од Хрватска. Снимен е без финансиска поддршка од државните институции, но екипата од филмот верува дека HAVC и останатите надлежни институции ќе го препознаат квалитетот и вложениот труд и дека ќе се вклучат постпродукциски во реализацијата и ќе помогнат при завршувањето на монтажата на филмот.
Специфичност на филмот е тоа што во „саундтракот“ се вбројуваат некои од респектабилните светски музички имиња, како култните Faith No More, потоа фалениот алтернативен рок бенд Girls Against Boys, британските рокери Penthouse (кои поради тужба од популарното списание со исто име мораа да се преименуваат во 50 Tons Of Black Terror), како и американците The Dwarves.