Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако сакаше со крајот на Мундијалот да му каже „збогум“ на националниот дрес, по дебаклот кој ја снајде Италија вечерва, големиот Џанлуиџи Буфон истото мораше да го стори многу порано.
Имено, Италија по 60 години не успеа да се пласира на СП, и тоа по вечерашното реми и поволниот резултат кој го понесоа од домашен терен Швеѓаните.
„Премногу ми е жал, не само за себе туку и за цела Италија. Ова е мојот последен меч за репрезентацијата. Не сакав вака да заврши. Им заблагодарувам на сите оние кои ми даваа поддршка во сите изминати години, во сите мигови кога гордо го носев најпосакуваниот дрес“, истакна во своето последно интервју во дресот на репрезентацијата, Гранде Џиџи Буфон.
https://twitter.com/oktranking/status/930196849046310913