Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација и од повеќемина претставници на бизнис заедницата во Македонија е во официјална посета на Израел.
Работниот ден на премиерот Заев и на владината делегација денеска започнува со средба со претседателот на државата Руевен Ривлин.
„На средба сум со претседателот на Израел, Ривлин. Разговаравме дека ќе ја интензивираме соработката. За време на средбата претседателот ми додели подарок изработен од фондацијата за деца со посебни потреби, во чест на пријателството помеѓу државите Македонија и Израел, но пред се помеѓу граѓаните на двете земји“, објави премиерот на својот „Фејсбук“ профил.
Премиерот Заев во Израел го придружуваат заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик претседателот на Владата за економски прашања Кочо Анѓушев, како и министрите за економија, Крешник Бектеши и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кои исто така ќе имаат одделни средби во рамки на ресорните области. За време на посетата, предвидиени се средби на највисоко политичко ниво, а премиерот Заев ќе се обрати и на Израелскиот совет за меѓународни односи, како и на Бизнис форумот чиј организатор во Ерусалим е Владата на Република Македонија.