Home Актуелно Премиерот Заев се сретна со пратеникот Кастриот Реџепи

Премиерот Заев се сретна со пратеникот Кастриот Реџепи

Денеска, во просториите на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев се сретна и разговараше со пратеникот Кастриот Реџепи кој беше клучен за закажаната собраниска седница на која требаше да се гласа довебра на актуелната Влада да не се одржи.

Премиерот Заев и пратеникот Реџепи уште еднаш ја потврдија заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, како определба на огромното мнозинство граѓани на нашата земја.

Заев и Реџепи низ разговорот потенцираа дека во последните години државата и народот направија големи чекори за обезбедување сигурна и безбедна иднина, при што изразија уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во Парламентот.

Двајцата соговорници се согласни дека односите меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници во Македонија се братски, пријателски и другарски и дека сите политички чинители имаат и обврска и одговорност овие односи да ги негуваат и унапредуваат.

На средбата беа изнесени очекувања за конечно исполнување на ветувањата од страна на Европската Унија и за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија, со што би започнале преговорите за членство на нашата земја во ЕУ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…