Премиерот Заев најави: Нема предвремени избори, ќе има реконструкција на Владата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Замена на осум министри и дваесетина директори на државни и јавни претпријатија во рамки на владината реконструкција – најави премиерот Зоран Заев по одржаниот состанок на Централниот одбор на СДСМ во Охрид. Тој потенцираше дека нема да има предвремени парламентарни избори. и дека земјата останува фокусирана на евроатлантските интеграции, пренесува Глас на Америка.

„Нема потреба од предвремени избори. Единстената потреба за предвремени избори беше ако треба да ЕУ да и докажеме дека е должна да испорача кон Република Северна Македонија, а не кој некоја политичка партија. Ставот наш е дека треба да се тера цел мандат. Кога доаѓа државата при реализација на вакви стратешки определби, како што е датум за почеток на преговори со ЕУ или членство во НАТО тогаш ги ставаме сите алатки на располагање“, рече премиерот Заев.

Кога станува збор за иднината на владиниот кабинет ќе бидат сменети најмногу осум министри од повеќе политички партии од владеачката коалиција а „метлата“ ќе ја почувствуваат и дваесетина директори на јавни и државни претпријатија.

„Не повеќе од осум министри ќе бидат сменети, верувам дека до крајот на неделата ќе можам да ги соопштам имињата на новите, но и на тие што се менуваат. Паралелно со новите министри и заменици следува и разрешување на над дваесет директори на јавни институции и ќе се именуваат нови“, рече Заев по состанокот во Охрид.

Кога станува збор за датумот за старт на преговори, тој нагласи дека верува дека тоа ќе се случи и дека не менува ако е во октомври.

„Два или три месеци не се толку важни. Драго ми е што и Бундестагот преку пратениците тоа го потврди. Сето тоа не става во позиција да го скратиме времето на кои било политички промени и да донесеме одлука којашто е најцелисходна за државата и за граѓаните, а тоа е да завршат промените и Владата да продолжи со целиот капацитет и да се посвети на реформите, но и на економските перспективи како приоритет за оваа година“, рече Заев.