Премиерот Заев на средба во Вашингтон со потпретседателот на САД, Мајк Пенс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, утре ќе оствари билатерална средба во Вашингтон со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, пренесуваат од владиниот кабинет.

„Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО“, информира владината прес-служба.

Средбата следува три дена откако во Македонија дојде американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, а претходно во државата беше и помошник-државниот секретар на САД Вес Мичел.

Матис на прес-конференција со Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска порача дека „гласот на референдумот е најважниот глас во историјата на вашата нација“ и ја потенцираше поддршката на САД.