Премиерот Заев и министерот Бесими најавија прес-конференција за денес во 14 часот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ве известуваме дека денеска, 26.10.2021 година (вторник) во 14:00 часот, премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими ќе одржат прес-конференција за Планот за забрзан економски раст 2022-2026 година.

Согласно Планот, предвидени се нови начини за пристап до капитал за финансирање на забрзувањето на економскиот раст, преку проекти во јавниот и приватниот сектор. Целта е да се зголемат вкупните инвестиции во економијата, стапките на економски раст, како и постепено намалување на фискалниот дефицит, велат од Владата.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, како и директорите на ТИРЗ, Јован Деспотовски, на ФИТР Коста Петров, на Агенција за странски инвестиции Дејан Павлески и на Развојна банка, Кире Наумов.

Сите прашања за прес-конференцијата може да ги испратите на маил: [email protected], најдоцна половина час пред почетокот.