Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имаме шанса да ја извлечеме земјава од криза а ја имаме и поддршката од земјите членки на Европската Унија порача премиерот Зоран Заев презентирајќи го планот 3,6,9 пред собраниската комисија за европски прашања.
Заев рече дека во првите три месеци ќе бидат спроведени реформите кои ќе овозможат Европската Комисија да го отстрани условот од препораката за отпочнување на преговорите за влез во Унијата. Реформите во правосудството, администрацијата, успешната кохабитација со претседателот на државата ќе бидат првите чекори што ќе ги преземе неговата Влада и ја побара поддршката од опозицијата.
Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи најави 73 мерки во првиот дел од планот. Мал дел од тие може да спроведе Владата, рече тој, додавајќи дека најголемиот дел зависат од волјата на институциите.
Ажурирање на Избирачкиот список, прифаќање на забелешките на ЕК и Венецијанската комисија во областа на правосудството, се дел од тие чекори, рече Османи. Но како основа за подобрување на меѓуетничките односи ќе биде усвојувањето на Законот за употреба на јазиците за кој Владата ќе бара мислење од Венецијанската комисија.
Реформскиот владин план содржи и мерки за Собранието. Џафери порача дека нивна цел е вклучување на Законодавниот дом во реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање.
Илија Димовски побара увид во Договорот за добрососедство со Бугарија, а во однос на владиниот акциски план рече дека опозицијата ќе работи конструктивно.
Во реформскиот план се опфатени реформите кои Владата ќе ги спроведува во претстојниот период од три месеци до одржувањето на локалните избори, а паралелно се работи и на допрецизирање на мерките кои треба да се реализираат во наредните шест и девет месеци.