Премиерот Заев го најави и промовираше планот за справување со дезинформации


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На денешната прес-конференција која ја одржа премиерот Зоран Заев, тој пред новинарите и останатата јавност го најави и промовираше владиниот акциски план за справување со дезинформациите, како чекор против сајбер заканите и масовното ширење дезинформации.

Злоупотребата на технологија стана сериозен упад во демократските процеси и сериозно се заканува да влијае на довербата на граѓаните во институциите. Република северна Македонија во изминатите две години се соочи со масовно ширење дезинформации, а дел беа споделени и од територии на други држави“, рече Заев.

„Дезинформациите се еден од главните предизвици на демократијата и алатка за манипулација на граѓаните. Злоупотребата на технологија стана сериозен упад во демократските процеси и сериозно се заканува да влијае на довербата на граѓаните во институциите. Република северна Македонија во изминатите две години се соочи со масовно ширење дезинформации, а дел беа споделени и од територии на други држави“, рече Заев.

Целта на изработката на акцискиот план, како што кажа е да се зајакне националната безбедност и сигурност, а за планот ќе се консултираат и со граѓанскиот сектор и со медиумите.

Тој информираше дека акцискиот план има две компоненти, безбедносни и проактивни мерки. Исто така, ќе се формира акциска група за борба против дезинформации која ќе анализира и ќе ги следи нападите. Групата ќе ја води министерот за отчетност, Роберт Поповски.

Заев пред новинарите и јавноста ги објави сите точки од акцискиот план.

1. Ревидирање на постоечките и креирање нови внатрешни безбедносни протоколи за комуникација во институциите и комуникација со надворешни субјекти, со цел намалување на можностите за протекување на сензитивни информации.

2. Воведување безбедносен протокол за дигитални комуникации за сите државни службеници, за безбедно користење на интернет, службена електронска пошта, службен мобилен телефон итн. Овој безбедносен протокол ќе биде доближен и презентиран пред државните службеници преку спроведување на внатрешна проактивна кампања.

3. Зајакнување на внатрешната IT инфраструктура во владата и министерствата и проверка на системот за контрола на мрежниот сообраќај, со цел навремено спречување на малициозен сообраќај и спречување на надворешни напади на инфраструктурата.

4. Промена на телефонскиот број и мобилниот уред на претседателот на владата на РСМ, како и имплементирање безбедносен протокол за дигитални комуникации.

5. Воспоставување на протокол за кризни комуникации помеѓу централниот владин комуникациски сервис и министерствата, кој ќе има за цел брзо и точно спротивставување на дезинформациите кои се шират преку социјалните медиуми и интернет порталите.

6. Владата ќе продолжи да вложува во активната транспарентност, со цел да ја доближи својата работа до граѓаните и да ја зголеми довербата на граѓаните во институциите. Со новата „стратегија за транспарентност“, стандардите ќе се втемелат во системот и ќе се создаде листа на документи и информации кои институциите ќе бидат задолжени на одредени временски интервали да ги објавуваат и ажурираат. Преку објавување и споделување факти и вистинити информации, се намалува просторот за маневар на дезинформациите.

7. Владата на својата веб страна ќе објавува официјалин одговори на прашања од медиумите и граѓаните, со цел да се спречи извртување на официјалните ставови на Владата.

8. Владата ќе формира акциска група за борба против дезинформациите и напади на демократијата, составена од преставници од канцеларијата на Претседателот на РСМ, Претседателот на Владата на РСМ, Собранието на РСМ, Владата, кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, МВР, МО, МНР, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање и други, чија задача ќе биде анализирање и следење на појавите на дезинформирање на јавноста и координирање на борбата против ширење на дезинформациите.

9. Акциската група и Владата ќе спроведуваат едукативна кампања од јавен интерес за постоењето и штетното влијание кое дезинформациите го имаат врз општеството.

10. Владата ќе спроведува внатрешна кампања за вработените во државната администрација, за постоењето и штетното влијание на дезинформациите.

11. Акциската група за борба против дезинформации и напади на демократијата активно ќе соработува со сите платформи на социјалните медиуми кои најчесто се користат за брза дистрибуција на дезинформациите. Ќе бидат известувани за профили и објави кои шират дезинформации и активно ќе се вкучиме како држава во нивните програми за информирање на граѓаните и борба со дезинформациите.

12. Владата ќе започне процес на креирање национална стратегија за медиумската писменост во чии рамки ќе бидат опфатени активности на институциите, медиумите и граѓанскиот сектор, како и вклучување на медиумската писменост во образовните програми на Министерството за образование и наука. Владата ќе поддржува и ќе биде активен партнер на граѓанскиот сектор во спроведување програми и тренинзи за медиумска писменост и ќе се спроведува и едукација за медиумска писменост на вработените во државната администрација.

13. Владата активно ќе ја поттикнува дискусијата помеѓу медиумите, медиумските здруженија и граѓанскиот сектор, со цел саморегулација, ко-регулација и утврдување на медиумски стандарди за интернет порталите, согласно препораките на Европската комисија и Советот на Европа.

14. Владата ќе воведе јасни критериуми за медиумите кои се акредитирани да ги следат владините настани и прес-конференции, во согласност со стандардите на новинарската професија.

15. Владата ќе отвори дискусија со медиумите за утврдување модел на поддршка за продукција на медиумски содржини на тема борба со дезинформации, како и поддршка за едукативни програми и тренинзи наменети за медиумските работници со цел нивно професионално сензибилизирање во борбата со дезинформациите.

16. Владата и институциите активно ќе соработуваат со сите организации и проекти кои работат на проверка на фактите, преку навремено и брзо одговарање на нивните прашања, при проверката на фактите.

17. Владата ќе иницира организациите кои се бават со проверка на фактите, да создадат регистар за утврдени и разобличени дезинформации и линкови до изворите на истите.

18. РСМ ќе поттикне соработка со Европската комисија и ќе побара вклучување во системот за брзо предупредување за ширење на дезинформации (Rapid Alert System), со цел размена на информации околу содржината и темите на кампањите за дезинформации низ Европа.