Премиерот Никола Кљусев во 1993 одбил да го избрише АСНОМ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Додека власта тврди дека елиминацијата на Манифестот на АСНОМ од Преамбулата не треба да се драматизира оти немало ништо да се промени, опозицијата потсети на едно децидно барање од Грција токму за бришењето на АСНОМ, ставено на маса во 93 година.

-Tогашниот министер за надворешни работи на Грција бараше ОН, Македонија да не ја прими како членка со објаснување дека АСНОМ за нив преставува неприфатлив иредентизам. Во тоа време ова го имаат одбиено претседателот Глигоров, но и Кљусев како премиер, а го одбиле сите премиери и претседатели досега, затоа што не биле уценети, вели Милошоски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Според Милошоски бришењето на Манифестот е најголемото понижување за Македонија.
-Владата на Заев е уценета, додава тој.

Власта уверува дека тврдењата оти впишувањето на Рамковниот договор нема да доведе до федерализација, ами дека се тоа се само шпекулации. Но за опозицијата овие уверувања немаат сила и кредибилитет оти самиот премиер тврдеше и се колнеше оти нема да се допре Уставот, а сега и покрај неуспешен референдум токму тоа се спроведува.
Дали следна е химната? Ќе останат ли стиховите или ќе ги снема за Грција да не препознае иредентизам во користењето на терминот Македонија? И денеска владиниот портпарол децидно порача: ни збор во химната немало да се чепне.

-Нема да има никаква интервенција вохимната, ниту збор. Тоа е кажано многу одамна, рече Бошњаковски.

Но врз македонската химна не тежи само грчкиот притисок. Не е обожувана, а уште помалку почитувана и од владините функционери од албанската заедница. Државните симболи, вклучително и химната, се регулирани со посебни закони за чие менување е потребно двотретинско мнозинство.

Искра Коровешовска

Извор: Алфа