Премиерот на Долна Саксонија смета дека Северен тек 2 нема никогаш повеќе да профункционира


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германија никогаш повеќе нема да може да смета на испораките на енергенси од Русија, смета премиерот на германската покраина Долна Саксонија Штефан Вајл.

Вајл, како што пренесуваат германските медиуми, истакна дека однесувањето на Кремљ покажува дека во секој момент мора да се смета на тоа дека Русија може да ги прекине испораките.

Тој смета дека гасоводот Северен тек 2 никогаш нема да проработи, дури ни по ерата на рускиот претседател Владимир Путин.

„Губењето на довербата е толкаво што никогаш повеќе нема да има ситуација германската влада да смета на енергенсите од Русија“, истакна Вајл.

Изрази уверување дека Северен тек 2 никогаш нема да проработи, и дека никогаш повеќе нема да има трговско партнерство со Русија.

„Русите ги урнаа сите мостови со тоа што ја уништија најголемата вредност на партнерството, а тоа е довербата“, истакна тој.

Вајл смета дека соработката е завршена за сите времиња, а изрази и уверување дека Западот побрзо ќе се крене од тоа од Русија.