Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Играниот филм „Ефектот на среќа” (The Happiness Effect), режисерско дело на македонскиот режисер Борјан Зафировски, својата премиера ќе ја има во четврток, на 7 ноември, во кино „Милениум” во Скопје. Премиерното прикажување на овој филм, истовремено, ќе биде отворање на годинешното издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс”.
Главните улоги ги толкуваат: Сашко Коцев, Дејана Попоска, Ана Стојановска и Сара Анастасовска. „Ефектот на среќа“ е приказна за една млада девојка која пробува да ја декодира формулата на среќата и филмот ја анализира моќта на позитивното размислување.
„Ефектот на среќа” е во продукција на „Ново македонско видео”, а копродуценти се: „Њу момент“, V House Animation, Living Pictures, Montenegro Max Film и B2 – PR and Media Solutions. Филмот е поддржан од: Агенција за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија, Филмскиот центар на Црна Гора и Кинематографскиот центар на Косово.