Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кралот на Камбоџа, Нородом Сихамони, на 18 февруари, ќе ја отвори премиерата на новиот филм од Анџелина Џоли, First They Killed My Father, кој се темели на мемоарите од едно девојче кое го преживеало режимот на Црвените Кмери.
Премиерата ќе се одржи во најголемиот комплекс храмови во Камбоџа, Ангкор Ват, а на неа ќе присуствува и кралицата Нордом Монинеат Сиханоук.
Мемоарите ги напишала Лоунг Унг, која била девојче во периодот помеѓу 1975 и 1979, годините во кои за време на владеењето на Црвените Кмери беа убиени два милиони жители на Камбоџа. Во своите мемоари Унг се потсетува на ужасите кои ги преживеала кога биле убиени нејзините родители и двете сестри, а опишува и како се спасила бегајќи со својот постар брат на Тајланд.
Џоли филмот го режираше на кмерски јазик во 2016 година, во Камбоџа. Нејзиниот најголем син, Медокс, Џоли го посвои токму во Камбоџа.