Премиерата на „25-ката“ со Џејмс Бонд повторно одложена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако еднаш, претходно, минатата година, премиерата на јубилејниот 25 филм за легендарниот агент ОО7 Џејмс Бонд беше одложена, сега стигнуваат нови информации дека истиот ќе се појави во јавноста многу подоцна од првобитно што било најавено.

Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд е одложена за април во 2020 година, што продуцентите на филмот го потврдиле со објава на Твитер, на што додале дека „се апсолутно воодушевени“. Причините за одложувањето не се наведени.

Претходно во април во 2018 година главниот лик во филмот, актерот Даниел Крег ги замоли продуцентите да го одложат снимањето на 25 продолжение поради тоа што неговата сопруга Рејчел Вајс била бремена. Брачната двојка во септември минатата година доби ќеркичка. Крег за последниот филм на Џејмс Бонд инкасираше 57 милиони евра.