Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Викотниците, караниците и плачењето оваа изневерена жена ги заменила со многу подобар начин. Таа се одмаздила, а целиот сарказам станува јасен во мејлот кој го испратила до мажот кој бил на службено патување.
„До мојот сакан сопруг,
Пред да се вратиш од патување, само сакам да знаеш дека имав мала несреќа со теренецот кога паркирав. За среќа, не беше тешка и не сум повредена, така да, те молам, не се грижи за мене. Се враќав од продавница и кога стасав до влезот, малку притиснав на туражата, наместо кочницата. Вратата малку се искирви, но теренецот застана за среќа кога го допре твојот автомобил.
Навистина ми е жал, но знам дека ќе ми простиш затоа што имаш големо срце. Знаеш колку те сакам и колку се грижам за тебе, љубов моја.
Ти праќам слика.
Одвај чекам повторно да те држам за рака.
Твојата сакана сопруга.
П.С Те бараше твојата девојка “, пораката ја пренесува Спотлајт.