Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Некои знаци сакаат дополнително да го зачинат својот живот, особено во собата. Кога се во прашање нивните партнери, тие квалитетот го бараат во квантитет. Тоа не ги прави прељубници, туку љубители на сексот.
Познати по својата дволичност, Близнаците сакаат да имаат опција – со се во животот. Сакаат да знаат за се по нешто, а ако треба и да расипат некоја врска за да го подобрат своето сексуално познавање, тие тоа ќе го направат. Што е најлошо, никогаш нема да се задоволат и постојано бараат нова забава и начини да ги задоволат своите партнери.
Кога е Стрелецот во прашање, нивното либидо никогаш не е задоволено. Најголемото диво дете во Зодијакот, сака да е слободно, се да проба еднаш и трагаат по својата страст, без оглед на тоа колку е таа достапна или не. Поради ова Стрелецот сака да има избор од неколку луѓе кои може да ги повика во секоја доба.
Рибите живеат за мали излети, а сексот може да биде еден од нив. Повеќе од тоа, Рибите се склони да живеат во светот на фантазијата, па често бакнуваат премногу жаби, пред да го пронајдат принцот. Од таа причина, промискуитетот повеќе зборува за нивниот непоправлив оптимизам за вистинска љубов, отколку за желбата за секс.
Оваа листа не би била комплетна без Шкорпијата, знакот кој претставува секс. Интересно е што Шкорпијата може да оди од крајност во крајност – или ќе има премногу партнери или ќе биде потполно опседнат со себеси. Без оглед на тоа, сексот е голем дел од нивната личност која ги интригира, поради што се во постојана потрага за нови сексуални искуства кои ги сметаат за спорт.