Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Лацио е првиот финалист во Купот на Италија, откако во полуфиналниот двомеч беше подобар од градскиот ривал Рома.
Лацио по победата во првиот меч од 2:0, во реваншот загуби со 3:2 и со вкупен резултат 4:3 се пласира во финалето каде го чека подобриот од полуфиналниот двобој помеѓу Наполи и Јувентус.
Лацио два пати водеше против Рома, најпрвион со голот на Милинковиќ-Савиќ во 37.минута, 0:1, а потоа и со погодокот на Имобиле во 55.минута, 1:2.
Првото водство на Лацио го поништи Ел Шарави, а второто Салах. Египѓанецот во последната минута погоди за 3:2, но недоволно за финале.
Наполи и Јувентус реваншот ќе го одиграат во среда, а по првиот натпревар „старата дама“ има предност од 3:1.