Преку оглас од 24.000 евра нуди 30.000 евра награда за загубената ташна – еве што имала во неа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Огласот кој го објави една Германка, а преку кој ја бара својата загубена ташна, е интригантен поради сумата од 30.000 евра која таа ја нуди како награда за чесниот наоѓач, а самата цена на огромниот оглас е фасцинантна, бидејќи чини 24 илјади евра.

Таа пишува дека ја бара сивата рачна чанта марка „Бриони“ заедно со целата содржина.

Чантата ја загубила на 4 ноември со суши ресторанот „Токио“ на главната железничка станица во Берлин помеѓу 12.40 и 12.55, а како контакт ја нуди нејзината имејл адреса.

Според неделникот Шпигл сопственичката на чантата е жена на 50 години, а во чантата имала семеен накит и важни документи.