Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Велика Британија е иницирана истрага за смртта на 88 лица кои купиле супстанции од канадски веб-страници за самоубиства.
Истрагата беше отворена откако 57-годишниот Канаѓанец Кенет Ло бил уапсен во мај и обвинет во Онтарио по две точки за советување и помагање во самоубиство.
Полицијата верува дека Ло ја дистрибуирал и продавал супстанцијата преку Интернет за да таргетира поединци склони кон самоповредување. Оттогаш истрагата е проширена.
Сега британската Национална агенција за криминал (NCA) откри дека идентификувала 272 лица во Британија, кои купиле предмети од канадски веб-страници за овие две години до април 2023 година. Од тие 272- ца , 88 лица починале.
Портпаролот на NCA предупреди дека во оваа рана фаза од истрагата, не може да се потврди дека купувањата преку Интернет предизвикале смртни случаи. Но, тој додаде дека секоја смрт се истражува.
Регионалната полиција на Пил во Онтарио соопшти дека хемикалијата што се продавала преку Интернет е бела, кристална супстанција која понекогаш се користи во преработката на храна. Тие рекоа дека може да го намали нивото на кислород, да го отежне дишењето и може да доведе до смрт доколку се консумира во големи количини, пренесува Sky News.
Извештаите велат дека Ло е осомничен дека испратил 1.200 пакети на адреси во 40 земји, а полициските истраги се во тек и во САД, Италија, Австралија и Нов Зеланд.
„Изразуваме сочувство до семејствата чии најблиски загинаа. Тие се поддржани од специјално обучени службеници од полициските сили. Во договор со обвинителството, НЦА донесе одлука да спроведе истрага за кривични дела извршени во Британија. Операцијата е во тек“, изјави Крег Тарнер, заменик-шеф на NCA.
Следното појавување на Ло е закажано пред судот во Онтарио, според локалните медиуми, пишува Sky News.