Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Родителите на една 17-годишна Суданка одлучиле да ја понудат својата ќерка како девица за мажење преку Фејсбук наддавање.
Аукцијата била пуштена на 25 октомври, а на неа, наводно, учествувале пет мажи. На крајот девојката била продадена на богат бизнисмен кој за неа на семејството му дал 500 крави, 3 луксузни автомобили и 10.000 долари (467.000 судански фунти).
Се венчале на 3 ноември, а некои медиуми оваа малолетна девојка ја прогласиле за „најскапа жена во јужен Судан“, пренесува Daily Mail.
Активистите за човекови права брзо се обратија до Фејсбук наведувајќи дека објавувањето на вакви работи ќе ги поттикне и другите семејства да почнат да си ги продаваат своите ќерки преку социјалните мрежи.
„Неверојатно е дека жена може да се продаде преку најголемата социјална мрежа на светот“, изјави Џорџ Отим, директор на здружението Plan International кое се бори за човековите права во Судан.
Од Фејсбук објавија дека ја тргнале објавата и го блокирале корисникот кој ја објавил. „Никако вид на трговија со луѓе не е дозволена на Фејсбук“, изјавија од технолошкиот гигант.
Иако легалната возраст за стапување во брак во Судан е 18 години, повеќе од 50% од девојките таму се омажени пред полнолетство, известува UNICEF.