Преку ден сончево, за новогодишната ноќ суво и стабилно време


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 8 степени. За време на Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно и суво.

Утре не очекува сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. До понеделник утрата ќе бидат студени а дневните температури во благ пораст, во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.