Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Документарниот филм „Ice and Palms“ ги следи авантурите на скијачите Јохен Месле и Макс Кронек во нивниот авантуристички потфат да стигнат од јужна Германија до плажите на Ница, само не по нормален пат, туку преку Алпите.
Шест недели, 1.800 километри, 35.000 вертикални метри и сон кој се остварува. По долгото вртење педали и многу скијање низ Германија, Австрија, Швајцарија, Италија и Франција, тие пристигнуваат до плажите во Ница во почетокот на јуни 2018 година. Документарен филм кој е добитник на повеќе награди на неколку фестивал на планински филм.