Прекрасна Србинка и американски маринец – доволни за одличен спот на Боби Павловски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најновата песна од Боби Павловски, насловена „Рана“, е продолжување на соработката помеѓу пејачот и еден од најдобрите хит-мерјкери кај нас, Лазар Цветковски.

Истата доби и видео спот во кој се појавува преубавата Србинка Бојана Бојаниќ, инаку „Мис на Србија“ и една од најубавите девојки во регионот, а како режисер на истиот се потишува Дејан Георгиев – „Арт Студио“.

„Спотот е снимен на повеќе локации, а највеќе од кадрите беа снимени во еден познат скопски хотел. Интересно е тоа што покрај Бојана во видеото се појавува и Американецот Девон Деитерс, инаку маринец по професија“, објаснува Павловски.