Прекинат новинарскиот штрајк во МПМ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Прекинува штрајкот на новинарите и медиумските работниците од Утрински весник, Дневник и Вест кој траеше еден месец, откако Медиа принт Македонија на вработените им ја исплати јануарската плата.

Барањата на вработените се исполнети и нема основ да продолжи штрајкот, велат од Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Ова практично значи дека новинарите ќе се вратат во своите редакции откако дневните весници утрово излегоа со преполовени страни.

Изминативе неколку дена штрајкот траеше 8 часа а весниците, кои излегоа во преполовена форма, беа полнети со сервисни информации од оние кои не штрајкуваа и без автоски текстови.