Прекин на телефонските врски на абасадата од САД – пред влезот најдена Застава позитивна на експлозив


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Амбасадата на САД во Скопје вчера објави на социјалните мрежи дека телефонските линии се во прекин.

Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го оперативниот ценат на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512, стоеше во објавата на Амбасадата на САД.

6-12-ambasada-sad

Повеќе детали за прекинот се уште нема. Покрај тоа, според неофицијални информации вчера околу 18 часот амбасадата пријавила во Министерството за внатрешни работи сомнително возило пикап, марка Застава оставено пред влезот на амбасадата на САД во Скопје.

Безбедносните служби на амбасадата со посебна опрема го провериле возилото, при што утврдиле дека истото е позитивно за траги од експлозив.

Припадници на единицата за антитероризам при МВР веднаш излегле на терен и направиле проверка на возилото, но во него не е пронајден експлозив. По претресот, возилото е одземено и однесено на натамошно тестирање. Ниту за возилото има повеќе детали, но се очекуваат во текот на денот.