Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Данскиот фотограф Мадс Нисен е добитник на главната награда на престижниот натпревар World Press Photo за 2021 година, за снимка на постара жена во Бразил во прегратките на медицинска сестра.
Фотографијата ги освои членовите на жирито со нејзината порака за надеж.
Нисен ја освои главната награда на натпреварот за фотографии во весникот „World Press Photo“ за снимање на првата прегратка на 85-годишната жена од одделот во дом за стари и немоќни лица во Сао Паоло по петмесечна изолација во август минатата година.
Долго изолирана поради пандемијата на коронавирус, оваа жена конечно добила можност да ја доживее првата прегратка од медицинската сестра благодарение на заштитата од пластика.
„Оваа симболична слика на ковид-19 го слави споменот на најубавиот момент од нашите животи, насекаде. Фотографијата истовремено покажува ранливост, разделба и преживување, а исто така е симбол на надеж”, изјави Кевин Вај Ли, член на жирито.
„За мене тоа е приказна за надеж и љубов во најтешките моменти“, вели авторот Нисен, кој работи за данскиот дневен весник „Политикен“. Наградата ја доби во категоријата општи информации со само една снимка.На Нисен, кој работи во Копенхаген, не му е прв пат да ја добие наградата, бидејќи во 2015 година World Press Photo му ја додели наградата за снимката од хомосексуална двојка во Русија.
На натпреварот пристигнале повеќе од 74.000 снимки на околу 4.300 фотографи од целиот свет, а најдобрите 45 биле номинирани од жирито. Церемонијата на доделување на наградите оваа година се одржала преку Интернет поради пандемијата.