Преговорите започнаа: Јувентус добива големо засилување од Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јувентус покажува сериозен интерес кон играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос пренесуваат шпанските и италијански медиуми.

Шпанскиот медиум „Дон Балон“ пренесува дека „бјанконерите“ веќе го контактирале Реал Мадрид и започнале преговори за евентуален трансфер.

Самиот Себаљос исто така има желба да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ бидејќи не е задоволен до својот статус во тимот и минутажата која ја добива.

Меѓутоа, Зидан го известил раководството дека не сака да се раздели со ниту еден фудбалер во зимскиот преоден рок, а тоа важи и за Себаљос.

Наводно самиот фудбалер е решен да ја промени средината и наскоро ќе поднесе молба за трансфер, а покрај Јувентус, за него силен интерес покажува и Ливерпул.