Преговорите започнаа: Ибра се враќа во својот поранешен клуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пред неколку дена лансираа вистинска трансфер „бомба“ и тврдат дека Антонио Конте сака да го врати Ибрахимовиќ во Интер.

Италијанските медиуми пишуваат дека Конте разгледува опции за ангажирање напаѓач во јануари, а Златан Ибрахимовиќ е на врвот на листата.

Ибрахимовиќ иако има 38 години игра фантастично во МЛС и не ја затвора вратата за враќање во Серија А, а Интер е место каде што со успех играше цели три години.

Утрово италијанските медиуми информираа дека веќе се направени првите контакти помеѓу „нероаѕурите“ и неговиот менаџер, Мино Раиола.

Договорот на Ибрахимовиќ со ЛА Галакси завршува во декември, па тој ќе биде слободен да потпише за Интер како слободен агент.

Се претпоставува дека Интер му нуди договор само до крајот на сезоната, што може да биде проблем во преговорите.