Home Спорт Преговорите започнаа: Артета прв фаворит за кормилото на Арсенал

Преговорите започнаа: Артета прв фаворит за кормилото на Арсенал

Унаи Емери замина, проблемите останаа, а Арсенал се уште е во потрага по долгорочно решение за тренерското столче.

Англиските медиуми тврдат дека Микаел Артета е главен фаворит да биде нов менаџер на Арсенал иако се споменуваа имињата на Покетино и Карло Анчелоти. Артета моментално е помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, и ова за него ќе биде враќање на „Емирати“ каде помина дел од својата кариера.

Медиумите на Острпвот успеаја да ги „уловат“ претставниците на Арсенал како го напуштаат домот на Микел Артета. Извршниот директор на Арсенал, Винаи Венкатешам заедно со клупскиот адвокат, Хус Фами цели два и пол часа се задржале во домот на Шпанецот.

„Скај Спорт“ пренесува дека Артета е прв фаворит за кормилото на Арсенал и наскоро се очекува официјализација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…