Спорт

Преговорите при крај: Солскјер останува на кормилото на Јунајтед!

Оле Гунер Солскјер пристигна во Манчестер Јунајтед како привремено решение после отказот на Мурињо, но со игрите и резултатите ги освои срцата на фановите и раководството.

Газдата на клубот, Аврам Глејзер вчера во живо го гледаше Манчестер Јунајтед против Фулам, а после тоа имаше средба со менаџерот Оле Гунер Солскјер.

„Тајмс“ тврди дека Солскјер е блиску до потпишување на перманентен договор откако доби девет од десет натпревари на клупата на „црвените ѓаволи“.

Оле е моментално на позајмица од Молде, но Јунајтед е спремен да му плати обештетување на норвешкиот клуб.

Advertisements
To Top