Преговори за соработка помеѓу Alibaba и Agrokor


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Не се само градот Задар, хрватското Министерство за економија и хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, заинтересирани во Хрватска да дојде Alibaba групацијата.

Како што дознава хрватски Poslovni dnevnik, на развој на бизнис соработка со најголемиот кинески трговец активно работи и Ивица Тодориќ. Според изворите на овој медиум, Agrokor во рамките на процесот на сопствена дигитална трансформација, бара и можност за соработка со Alibaba. Од хрватската компанија не сакале да ги коментираат ваквите информации, пренесува Капитал.

Изворите на Poslovni велат дека евентуалната соработка не би подразбирала процеси на спојувања и преземања, туку конкретни бизниси. Од Agrokor само потврдуваат дека концернот навистина е заинтересиран за соработка со Alibaba.

Во контакт сме со нивните тимови и постои можност за соработка на низа проекти, велат од Agrokor.

Од извори лобисти, Хрватска очекува посета слична како таа што претставници на Alibaba ја направија на Бугарија. Градот Задар, Владата, Грабар-Китаровиќ, Agrokor и уште неколку големи хрватски компании, повеќе од две години биле вклучени во привлекувањето на оваа кинеска инвестиција.

Лобистот Давид Лекај вели дека Agrokor овде се наметнал како логичен партнер, бидејќи станува збор за систем што има логистика, складишта и капацитети да може да обработува големи количества производи, и да ги пласира online и offline.