Преговарачките тимови на Велика Британија и ЕУ постигнаа договор за Брегзит


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред почетокот на состанокот на европските лидери, Велика Британија и ЕУ успеаја да постигнат нов договор за Брегзит.

Двете страни работеа на правниот текст на договорот, но сепак ќе треба одобрување и од парламентот на Велика Британија и од тој на Европа.

Премиерот Борис Џонсон на Твитер објави: „Постигнавме одличен нов договор што ни ја враќа контролата“.

И Жан-Клод Јункер, претседател на Европската комисија, исто така, потврди дека е постигнат договор. Тој на Твитер порача дека е постигнат „праведен и балансиран договор и за ЕУ и за Британија“:

И Џонсон и Јункер ги повикаа своите парламенти да го поддржат договорот.

Северноирската Демократска унионистичка партија претходно објави соопштение во кое рече дека не можат да ги поддржат предлозите „како што стојат работите“, а сега, по најавата на премиерот, рекоа дека нивното соопштение „сè уште важи“.

Веднаш по веста дека е постигнат договор, фунтата се искачи на 1,29 американски долари, највисоко во последниве пет месеци.