Home Спорт Прегледите покажаа „чудо“: Роналдо е „натчовек“ – има само 20 години

Прегледите покажаа „чудо“: Роналдо е „натчовек“ – има само 20 години

Кристиано Роналдо е медицинско чудо, што потврдија и медицинските тестови при неговото доаѓање во Јувентус.

Роналдо има 13 години помладо тело. На медицинските тестови било утврдено дека биолошката структура на неговото тело е како на 20-годишник.

Имено, тој има само 7% телесни масти, а најниска граница кај врвните спортисти е 10%. Притоа, 50% од неговата телесна маса е мускулатура, што е импозантно бидејќи крајната граница кај спортистите е 46%.

Роналдо, иако има 33 година на Светското првенство потврди дека се наоѓа во извонредна форма каде трчаше најбрзо со брзина од 33.98 км/ч.

Во Реал неодамна на тестирањата процениле дека Роналдо има тело на 23-годишник, но Португалецот во меѓувреме успеал да „подмлади“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…