Предвремените избори закажани на 12 април 2020 – ќе го одложат пописот на население


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, политичките лидери на најголемите политички партии во Македонија се договорија брзите предвремени избори да се одржат в година на 12 април.

СДСМ побара предвремени парламентарни избори да се одржат на 22 или 29 декември. На ова реагираа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и побара друг термин, во март или април. На крајот постигната е согласност за 12 април. Лидерите на политичките партии се согласија дека наредната година треба да се спроведе и пописот, но по завршување на предвремените парламентарни избори.

„Имаше точка е дискусија околу лидерството на државата после историската грешка од Брисел. Едногласен став е дека евроатланските интеграции се наша цел , не прифаќаме никаква замена и остануваат како аспирации. Ја поздравувам одлуката и остануваме на патот кој што носи демократија и владеење на правото. Втората точка беше предвремени парламентарни избори. Како предлог го дадовме 22 или 29 декември да одиме веднаш на озбори и брзо во еден период кога нема ништо драматично ќе може народот да си го каже својот став. Имаше реакција дека нема 100 дена Влада, па потоа предлози 29 март, 12 април, 29 април. Постигнавме консензус за изборите да бидат на 12 април,2020 година.”, изјави Заев по лидерската средба кај Пендаровски.

Од таа причина, во Македонија од 3 јануари 2020 ќе треба да почне да работи новата техничка, т.н. „пржинска влада” чија задача ќе биде спроведување на договорените предвремени парламентарни избори.

Ова всушност значи дека од 3 јануари ќе имаме нов, технички премиер од владеачката коалиција. Веќе се калкулира со името на Оливер Спасовски, кој ако биде предложен од коалицијата на СДСМ и ДУИ, ќе треба како прв човек на новата „пржинска“ влада да ги организира изборите закажани 12 април догодина.

Нов министер за внатрешни работи ќе биде именуван по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, во консултација со владеачката коалиција.

Опозицијата ќе треба да предложи и нов технички министер за труд и социјална политика. Оваа „пржинска влада“ предвидува и дополнителни заменици министри за внатрешни работи и на труд и социјална политика предложени од владејачката коалиција.

Опозицијата ќе има дополнителни заменици министри за финансии, за земјоделство и за информатичко општество.