Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако сè уште ја немаме официјално комплетната листа на натпреварувачите-претставници на сите земји кои ќе бидат дел од две полуфинални вечери на овогодинешното издание на Евровизија, обложувањата се веќе отворени и започна нагодувањето за победникот на 65-от по ред музички натпревар.
Според веб-страницата „Еurosvisionworld“, која ги собира сите квоти од обложувалниците, веќе има понуда кој ќе победни на Евровизија. Според нивните статистики, фаворит за победник на Евровизија 2020 е Литванија.
Актуелен фаворит за победникот на Евровизија е Литванија, земја која никогаш не постигнала значаен резултат на ова натпреварување.
Литванија во Ротердам оваа година ќе ја претставува групата „The Roop“ од Вилнус, а ќе ја изведе песната „On Fire“, која веќе има повеќе од два милиони прегледи на официјалниот канал Евровизија.