Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Официјална Москва вчера упати директно предупредување до Македонија за негативните последици за регионалната безбедност и билатералните односи при евентуален прием на Република Македонија во НАТО.
Ова го изјави руското Министерство за надворешни работи по состанокот на заменик министерот за надворешни работи Александар Грушко со македонскиот амбасадор во Москва Гоце Карајанов.
„Имаше размена на ставови за ситуацијата на Балканот. Од руска страна ги истакнаа негативните последици за регионалната безбедност и билатералните односи од плановите за вклучување на Република Македонија во НАТО“, посочија од министертвото.
Истовремено со тоа соговорници ја потврдија подготвеноста да соработуваат во областите кои претставуваат взаемен интерес. Тие ја “напоменуваат важноста на продолжувањето на работата на меѓувладината руско-македонска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка”, истакнаа од руското МНР.
На ваквото предупредување македонскиот премиер Зоран Заев експресно одговори дека Македонија од своето осамостојување во деведесетите години е стриктно определена за челенство во НАТО и за тоа има целосна поддршка од граѓаните на Македонија. Нашиот избор и недвосмислена определна се евроатлански интеграции порача Заев.