Предупредувањето од Илон Маск за вештачката интелигенција ја леди крвта во вените


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Илон Маск се појавува во новиот документарец од Крис Пајн, Do You Trust This Computer, во кој се истражува потенцијалната опасност која вештачката интелигенција може да му ја донесе на сетот.

Маск апелира и предупредува дека во ова доба на вештачка интелигенција човештвото може да создаде „бесмртен диктатор од кој нема да може да побегне никој“.

Тој предупредува дека развојот на суперинтелигентниот мозок може да резултира со форма на вештачка интелигеницја која ќе владее со светот. „Кога е на власт зол диктатор, тој човек кога тогаш ќе умре. Но, не и ВИ. Вештачката интелигенција не може да умре. И тогаш би имале бесмртен диктатор од кој нема да може да побегнеме“, изјави Маск.

Илон додава дека вештачката интелигенција не мора да биде злобна за да го уништо човештвото. „Доколку вештачката интелигенција има цел, а луѓето само се најдат на нејзиниот пат во остварувањето на таа цел, истата ќе ги уништи без размислување. Нема тука лутење“, вели Маск.

Минатата година Маск предупреди дека глобалната трка во развој на вештачка интелигенција може да резултира со трета светска војна.

Освен тоа, тој смета дека развојот на технологијата за човештвото претставува поголема закана отколку нуклеарен конфликт со Северна Кореја. Маск смета дека луѓето треба да се поврзат со вештачката интелигенција за да се избегне ризикот тие да станат небитни, пренесува Mashable.