Предупредување до жените: Вака со многу шминка си ја уништувате кожата


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Слави, забави, празнични ручеци и вечери, а потоа и Нова Година. Во сите тие прилики сакате да блеснете во полн сјај, па за таа цел посигнувате по одредена мода и посебни дизајни.

Но, секогаш посебен акцент се става на шминката, која во овој период станува сè подраматична, а повеќето жени ја користат секојдневно, особено во ваквите празнични денови.

Затоа, понежниот пол треба да знае дека премногу шминка и тоа како може да наштети на вашата кожа, па оттука, еве неколку совети како да го заштитите здравјето на истата.

A post shared by Index Rouge (@indexrouge) on

Како прво, со премногу шминка вашата кожа едноставно не може да дише, бидејќи порите се затворени, а токму така почнува да се комплицира здравјето на истата. Освен тоа, премногу шминка и избор на лоши козметички производи можат да доведат до сушење на кожата и забрзана појава на брчки.

Како да ги избегнете овие лоши појави? Прво, мора да нанесувате хидратантен крем пред ставање на подлогата и секогаш да ја отстранувате шминката пред спиење, без оглед на тоа колку сте уморни од било каква забава или прослава на која сте биле.

Не штедете на одредени козметички препарати, ако веќе не можете да штедите на целосната козметика, а добро ви е познато дека на пазарот веќе постојат производи кои истовремено ја хидрираат вашата кожа.

A post shared by Index Rouge (@indexrouge) on

Исто така, обидете се на вашата кожа да и овозможите да дише во ова лудо, празнично време, па кога и да можете да не ставате шминка, избегнувајте ја, со цел кожата целосно да се опорави. Со себе секогаш имајте си и шишенце со вода, бидејќи многу е важно комплетниот организам, а преку него и кожата, да бидат целосно хидрирани.

Внимавајте еднаш недено да ги чистите и четкичките за шминка, бидејќи сигурно не сакате врз вашата кожа да нанесувате секаква нечистотија.