Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно ќе има нестабилна облачност проследена со краткотраенпороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, а максималните од 22 до 29 степени.
Во Скопје предпладне ќе биде сончево, а попладне со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 28 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од средината на наредната недела се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.