Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Авторите на филмот The Shape of Water, кој е кандидат и еден од појаките конуренти за овогодинешните Оскари за најдобар филм, се соочуваат со обвинувања за плагијат.
Во обвинувањето е наведено дека фантастичниот заплет во романтичната врска помеѓу чистачката и мистериозното речно суштество е преземен од американската претстава Let Me Hear You Whisper.
Тужбата е поднесена во сојузниот суд во Лос Анџелес, а неведено е дека режисерот Гиљермо дел Торо, продуцентот Даниел Краус и филмското студио Fox Searchlight ја препишале приказната, елементите, ликовите и темата од претставата на Пол Зиндел од 1969 година.
The Shape of Water е номиниран во дури 13 категории за најпрестижната филмска награда Оскар, чие свечено доделување ќе биде на 4 март. Меѓу другите номинации, конкурент е за најдобар филм и најдобра режија.
Тужбата против екипата која стои зад овој филм ја подигна Дејвид Зиндел, син на покојниот Пол, кој наброја повеќе од 60 сличности меѓу претставата Let Me Hear You Whisper и The Shape of Water. Меѓу другите совпаѓања, потенцирано е она за приказната од претставата и филмот за осамената чистачка која во текот на Студената војна работи во лабораторија каде започнува љубовна врска со заробеното водно суштество. Во претставата од Зиндел тоа суштество е делфин, додека во филмот е половина човек, половина речно суштество.
Дејвид Зиндел наведува дека авторите, без оглед на впечатливите сличности помеѓу претставата и филмот, кој очигледно е идејно изведен од неа, не побарале вообичаена дозвола за правата на претставата, ниту го навеле неговиот татко како автор.
Fox Searchlight ги отфрли обвинувањата твредејќи дека се неосновани и целосно безвредни.
„Тужбата е темпирана за да се совпадне со гласањето за Оскарите, со цел побрзо да се постигне договор со студиото. Наместо тоа, ние енергично ќе се браниме, а со самото тоа и овој иновативен и оригинален филм“, стои во соопштението од студиото.
The Shape of Water веќе доби Златен глобус за најдобар филм, и голем број други награди.