Предновогодишно поскапување на горивата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, на сила стапуваат новите, коригирани цени на горивата.

Малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат во просек за 1,28%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/литар и ќе изнесува 68,50 ден. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапуваат за 0,50 ден/литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 70,50 ден/лит, а дизелот по цена од 63,00 ден/литар.