Home Актуелно Предлогот за референдумското прашање е противзаконско!?

Предлогот за референдумското прашање е противзаконско!?

Многу спорни точки во предлогот кој вчера премиерот Заев прво го објави на Твитер, веднаш го избриша за по еден час повторно да го објави, пишува порталот Експрес.

„Вечерва разговаравме со лидерите на политичките партии и ги информирав за можната формулација на референдумското прашање кое би се движело во следнава насока:

„Дали сте за членство во #ЕУ и #НАТО, со прифаќање на Договорот меѓу Република #Македонија и Република #Грција?“, напиша премиерот на Твитер.

Прашањето како што е формулирано е спротивно на законот за референдум оти е поделено на 2 дела

• за договорот за Грција референдумот е консултативен со +50% од гласачите

• за влез во ЕУ и НАТО референдумот е задолжителен со излезност од +50% од гласачите

Спротивно на законот е да се распише консултативен референдум за стапување во сојуз со држави или НАТО и ЕУ чија одлука е задолжителна ако гласале + 50% од гласачите.

Забелешки речиси извесно ќе има и Грција.

Прашањето содржи термин уставно име Република Македонија кое со гласање “ЗА” се брише со договорот.

Извор: Експрес

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…