Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Владата вчера го достави Законот за минимална плата во Собранието но, сè уште не се знае кога пратениците ќе расправаат за предложените измени.
Се предвидува најниската плата да не биде помала од 57% од просечната плата во земјата и на тој начин во иднина да се коригира без законски интервенции, објаснува премиерот Ковачевски.
Опозиција рече дека ќе го поддржи владиниот предлог закон со кој минималната плата ќе биде 18.000 денари. Но, ќе бараат усогласување на колективните договори за да не дојде до изедначување на платите.
Инаку, утре на дневен ред во Собранието е предлогот поднесен од пратениците на Левица за измени на Законот за минимална плата, со кој се бара таа да изнесува 60% од висината на просечната плата, како и скалесто зголемување на останатите плати.
Од Сојузот на синдикати на Македонија очекуваат да нема пречки при носењето на Законот, со кој веќе во март над 80.000 работници ќе добијат покачување, во спротивно најавуваат протести.